речник контакт

Зошто после летниот одмор ве фаќа депресија?

Сте се вратиле од годишен одмор и наместо да „пукате“ од работен елан, вие сте некако тажни, забавени и апатични. Што се случува? Веројатно ве фатила летна депресија.

Петар Печков

Се поголем број на луѓе во текот на летото, а посебно по враќањето од годишниот одмор, се чувствуваат депресивно. Се работи за привремена состојба која треба да помине по три недели. Се јавува поради многу причини, а експертите ги објаснија најважните.

Недостиг на храброст за промени

Кога одат на годишен одмор и лежат на плажа во добро расположение, луѓето гледаат на својот секојдневен живот од една друга перспектива. Тогаш увидуваат дека не се ценети доволно на работа, дека не посветуваат доволно внимание на луѓето и нештата кои ги сакаат, дека премногу се грижат, и дека накусо не живеат така како што сакаат. Такво размислување обично резултира со одлука дека ќе дојде до промена во животот. Меѓутоа, враќањето во реалноста го прави своето и промените не се случуваат. Токму тоа, т.е. спознавањето дека животот не им изгледа така како што би сакале да изгледа, почнува да ги мачи луѓето и тоа свесно или несвесно. Секако, тоа доведува до лошо расположение и депресија.

Финансиската состојба

Годишниот одмор подразбира трошење на пари. Многу луѓе тие денови трошат многу повеќе од вообичаено, па кога ќе се вратат во реалниот живот, состојбата на сметката им доаѓа како стрес. Грижата за парите е всушност загриженост поради несигурност и многу брзо и лесно го доведува човек во депресија. Со само малку порационално постапување со парите, оваа причина за летната депресија може да се избегне.

Нарушување на рутината

Ако порано сте страдале од депресија, веројатно знаете дека стриктното држење до дневната или неделната рутина често е клуч да не ги почувствувате симптомите на депресија. Но, во текот на летото рутината се губи и самото тоа нерушување знае да биде стресно. Ако на пример, имате деца во основно училиште, ненадејно сте соочени со потребата да ги забавувате цел ден, како и да организирате нивни активности. Ако децата ви се на факултет, одеднаш ќе се соочите со нивните патни торби и кутии откако не сте ги виделе девет месеци. Летувањето може да внесе неред во вашата работа, спиењето и прехранбените навики, а сето тоа може да придонесе за летна депресија.

Временските прилики

Многу луѓе уживаат во топлите летни денови и сакаат да се сончаат на плажа цел ден. Но, за луѓето кои не уживаат во високи температури, летните горештини можат да бидат вистина непријатни. Некои секој викенд го поминуваат криејќи се во климатизиран стан гледајќи телевизија додека не ги заболат очите. Некои ќе почнат да ја избегнуваат летната прошетка бидејќи им пречи влагата. Храната им ја доставуваат бидејќи им е премногу топло да готват, а сето тоа може да придонесе за летна депресија.

Соочување со сопствените недостатоци

Сигурно ви е познато следното сценарио: лежите на плажа и ги гледате младите девојки со убави тела, а потоа го гледате своето тело и го забележувате секој недостаток. Иако не го сакате тоа, мислите за сопствените недостатоци ви се вовлекуваат во глава и не ви даваат мир. Планирате да вежбате кога ќе се вратите дома, но постојано тоа го одложувате и еден дел од вас сваќа дека ќе помине уште една година, а вие нема да направите ништо по тоа прашање. Таков маѓепсан круг од незадоволство може да доведе до летна депресија.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »